Секторот за внатрешни работи Скопје расчисти кражба извршена на 18.11.2021 во продажен објект на ул.„Јустинијан Први“ во Драчево. По преземени мерки било дојдено до сознанија дека сторители се А.Х.(49) и Р.М., двајцата од Скопје. Во службен разговор двајцата го признале делото. Во полициска станица, исто така, бил извршен разговор и со Е.Н., коj изјавил дека едно лице му понудило да му продаде предмети од кривичното дело , но дека тој одбил.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик-соопштуваат од МВР.