Грчки проектили земја-воздух електронски ги на целиле турските борбени авиони Ф-16 кои летаат во извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор.
Ова е последното во низата турски тврдења дека соседна Грција цели на турски авиони кои летаат над Егејското Море и во источниот Медитеран.
Радарот на грчкиот ракетен систем С-300, стациониран на островот Крит, регистрирал и таргетирал турски авиони на 23 август, објави турската агенција, повикувајќи се на извор од Министерството за одбрана.
Турските ловци Ф-16 летале на височина од 10.000 стапки западно од грчкиот остров Родос кога бил активиран радарот за следење на целта на рускиот систем за воздушна одбрана С-300, се додава во извештајот.
Турските авиони ја завршија мисијата и се вратија во своите бази „и покрај непријателската средина“.
Во турското соопштение се потсетува дека според правилата на НАТО, активирањето на таргетирање на радарите на системите за противвоздушна одбрана се смета за непријателски чин.