Човечко домино, жртвите падѓале во улицата, едн преку друг.

Најмалку 151 лице загина, а 82 се повредени во најсмртоносното човечко стампедо досега во Јужна Кореја, за време на прославата на фестивалот Ноќта на вештерките, соопштија денеска властите во земјата.

Трагедијата се случила во саботата кога во еден момент неколку стотини луѓе се нашле на удолницата, во тесна уличка широка само четири метри, од каде не можеле да се засолнат ниту да побегнат, па почнале да паѓаат еден врз друг, јави агенцијата Џонап, наведува Танјуг.

Стампедото почнало кога луѓето почнале да се превртуваат како „домино“ и панично да се натрупуваат еден врз друг поради гужвата, поради што многумина не можеле да добијат воздух, велат очевидци.

Големата гужва им отежна на спасувачите и на полицијата да дојдат до настраданите. Меѓу жртвите има 19 странци, државјани на Кина, Иран, Норвешка и Узбекистан.

Претседателот Јун Сук-јеол прогласи национална жалост и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Ова е најголемата трагедија во Јужна Кореја од 2014 година, кога се преврте траект во 2014 година, тогаш се удавија 304 лица, главно средношколци.

By Author