Најмалку 76 мигранти се удавија во близина на сирискиот брег кога потона бродот со кој патуваа од Либан, изјави либанскиот министер за транспорт. Потрагата по преживеани продолжува.
Преживеаните рекоа дека бродот, во кој имало меѓу 120 и 150 луѓе, заминал од Миниех во северен Либан пред неколку дена, а на него имало луѓе од различни националности.
Сириските власти претходно објавија дека спасиле околу 20 мигранти во близина на крајбрежниот град Тартус, истакнувајќи дека потрагата, која се уште трае, се одвива во тешки услови поради разбрануваното море и силниот ветер.
Ројтерс наведува дека ова е најсмртоносниот бродолом во последните неколку години во областа и посочува дека има зголемување на миграцијата во Либан предизвикана од една од најдлабоките економски кризи во светот – соопшти Ројтерс.