Редакцијата на американската десничарска Фокс њуз денеска соопшти дека нивниот дописник од Украина Бенџамин Хол е ранет во близина на Киев.

Според Фокс њуз, Бенџамин Хол бил ранет додека „собирал вести“ недалеку од Киев.

Моментално е во болница, додаваат тие.

„Засега имаме минимални информации, но Бен е хоспитализиран и нашите тимови на терен моментално работат на собирање дополнителни информации“, се вели во соопштението на американската медиумска куќа.

Според „Гардијан“, американскиот секретар за одбрана Џон Кирби на прес-конференција во Вашингтон изразил загриженост за ранетиот новинар и му оддаде почит, нагласувајќи дека „има новинари од целиот свет кои се обидуваат да ја дознаат вистината“ за руската инвазија на Украина.

By Author