На границата меѓу Киргистан и Таџикистан рано утринава дошло до размена на оган, соопшти киргистанската гранична служба.
„Вооружениот инцидент се случи на киргистанско-таџикистанскиот дел од државната граница“, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за повредени.
Инцидентот се случил во Булак-Баши, во областа Баткен, кога киргистанскиот граничен одред наишол на таџикистански граничари, кои „ги прекршиле претходните договори меѓу страните и зазеле борбени позиции на дел од државната граница“, соопшти киргистанската команда. пренесува РИА Новости.