Денеска е 14-ти ден од руската инвазија на Украина. Во тек е евакуација во северниот град Суми, а во текот на денот се очекува цивилите да напуштат уште неколку градови. Бројот на луѓе кои избегаа од Украина надмина два милиони.

Шефот на администрацијата на регионот Суми, Дмитриј Живицки, денеска соопшти дека е продолжена работата на коридорот за евакуација Суми-Полтава: „Преговарачката група работеше цела ноќ и денеска од 9 до 21 часот по локално време, работата на коридорот за евакуација од Суми кон Полтава продолжи“.

Во неговата порака во Телеграма, беше споменато дека е можно да се патува по коридорот со сопствен превоз, а дека во текот на денот 22 автобуси од Полтава, кои го напуштија градот ден претходно во рамките на првата колона за евакуација, ќе се вратат во Сумаи „Трудниците можат да го користат превозот, жени со деца, стари лица и лица со посебни потреби“.

By Author