Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија мора да прифати доброволци кои сакаат да се борат против украинските сили и да им помогне да стигнат до боиштата. Ројтерс пишува дека рускиот претседател вчера одобрил доведување на илјадници борци од Блискиот исток да се борат во Украина.
„Ако видите дека има такви луѓе кои сакаат да дојдат сами, а не за пари да им помогнат на луѓето кои живеат во Донбас, тогаш треба да им го дадеме она што го сакаат и да им помогнеме да дојдат во зоната на конфликтот“, рече Путин.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека на Блискиот исток има 16.000 доброволци кои се подготвени да дојдат и да се борат против силите поддржани од Русија, пренесува Ројтерс.
Ројтерс објави дека рускиот претседател во обраќањето пред рускиот Совет за безбедност рекол дека ја поддржува испораката на оружјето конфискувано во Украина, до бунтовничките региони поддржани од Русија, пренесува Гардијан.
Путин, исто така, му рекол на Шојгу дека одобрил ракетите Џавелин и Стингер, запленети од руската армија во Украина, да им бидат предадени на силите во Донбас.
„Што се однесува до испораката на оружје, особено западното производство кое падна во рацете на руската армија – секако дека ја поддржувам можноста да се продаде на воените единици на Народната република Луганск и Доњецк“, рече Путин.
„Ве молам направете го ова“, додаде тој.