Марија Захарова, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по веста за повлекување на руската армија од украинската граница.
Руските војници по завршувањето на вежбите се враќаат во воените гарнизони, а Захарова во нејзин стил го „боцна“ Западот.
„15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната пропаганда за војна. Понижена и уништена без испукан истрел“, напиша Захарова, алудирајќи на западните спинови дека Русија ќе започне инвазија на Украина во среда, на 16 февруари. .