Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се забранува испорака на нафта и нафтени деривати на земјите кои воведоа горна граница на цената на руската нафта.

Забраната ќе стапи на сила од 1 февруари следната година и ќе трае пет месеци, односно до 1 јули.

Извозот на сурова нафта ќе биде забранет од 1 февруари, но датумот на забраната за нафтени деривати ќе го одреди руската влада.

Регулативата вклучува клаузула која му дозволува на Путин да ја поништи забраната во посебни случаи.

На почетокот на овој месец, западните земји почнаа да воведуваат ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел и да забрануваат некои видови руска нафта, како дел од новите мерки за дополнителен притисок врз Москва.

Европската унија заедно со Велика Британија, Австралија, Канада, Јапонија и САД воведоа ограничување на цените, а 27-члениот европски блок, исто така, воведе ембарго на руската нафта што се транспортира по моre.

By Author