Сите повредени се префрлени во локалната болница и нивната состојба е стабилна
Најмалку осум лица се повредени во текот на ноќта при пукање на рејв забава во градот Такома во американската сојузна држава Вашингтон, соопшти денеска локалната полиција.
Сите повредени се префрлени во локалната болница и нивната состојба е стабилна, додаде полицијата.
Од полицијата велат дека на улицата зад местото каде што се одржувала забавата имало расправија и дека имало и истрели.
Според нив, полицијата реагирала на дојавите за испуканите истрели и затекнала „хаотична сцена“ со толпа луѓе и неколку повредени во престрелката, јавува Си-Ен-Ен.
Полицијата не соопшти дали го идентификувала осомничениот или дали некој е приведен.
Истрагата е во тек