Денеска (09.05.2023) околу 11.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Е.Ч. (28) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава денеска околу 11 часот дека во с.Батинци било пукано кон Н.М., кој е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и приведениот ќе биде предаден на надлежното обвинителство.