Истражувањето спроведено од професорите Ендрју Френсис и Хуго Миалон од Универзитетот во Атланта покажало дека колку е поскап свршеничкиот прстен, толку е пократок бракот.

Истражувањата покажаа дека бракот кој започнува со раскошна церемонија и скап свршенички прстен веројатно нема да трае. Тие анкетирале 3.000 возрасни Американци кои биле или сè уште се во брак во одреден момент од нивниот живот. Откриено е дека луѓето кои потрошиле многу пари на прстен имаат поголема веројатност да се разведат.

Мажите кои потрошиле помеѓу 2.000 долари (1.800 евра) и 4.000 долари (3.700 евра) имале 1,3 пати поголеми шанси да се разведат од оние кои потрошиле помалку од 2.000 долари.

Просечната цена на прстените што ги купиле испитаниците во ова истражување била околу 2.500 долари. Исто така, се истражувало како цената на самата свадба влијае на бракот. Паровите кои трошат 20.000 долари или повеќе на својата свадба (без цената на прстенот) имаат 3,5 пати поголеми шанси да го завршат бракот со развод од оние кои трошат помалку на прославата.

Истражувачите известуваат дека финансиските трошоци за раскошните и скапи венчавки доведуваат до стрес, кој на крајот влијае на самиот брак, па големите свадби може да бидат знак дека парот се венчал од погрешни причини.

By Author