Една нова слика ни пристигна од улиците на Израел.Граѓаните на Тел Авив повикаа на мир и соживот меѓу Евреите и Арапите.

Откако со денови сме преплавени со крвави слики од протести тепачки и бомби, надополнети со ракети и смрт од улиците на Израел и Појасот Газа денес ни пристигна еден друга слика која секако ќе ја поддржиме.Имено граѓаните на Тел Авив излегоа на протестен марш барајќи мир стопирање на воените активности и соживот меѓу Арапското и Еврејското население.

Вакви протести покрај во Тел Авив се одржуваат и во другите градови на Израел и на истите масовната поддршка и излезност од страна на илјадници граѓани покажува дека населението на Израел сака да живее во мир и соживот ова секако е слика и протестно движење кое светот треба да го поддржи.

Овде живеат два народа и двата имаат право на самоопределување порача Одех лидерот на највлијателната арапска партија во Израел.

Познатиот израелски писател Дејвид Гросман истакна дека „битката што се води денес не е борба меѓу Арапите и Евреите, туку меѓу оние кои се обидуваат да живеат во мир и искрена соработка од двете страни и оние кои се хранат со омраза и насилство од едната и од другата страна “.

By Author