Неколку десетици илјади граѓани се собраа денеска на протести во шест градови во Германија, барајќи од германската влада да го зголеми учеството во финансирањето на сметките на граѓаните за енергија и други трошоци, како и побрзо напуштање на употребата на фосилни горива.

Протести се одржаа во Берлин, Дизелдорф, Хановер, Штутгарт, Дрезден и Франкфурт, а учесниците носеа транспаренти со барања да се намали инфлацијата, да се затворат нуклеарните централи и да се зголемат државните субвенции за плаќање на сметките за енергија за граѓаните со минимални примања, објави Ројтерс.

Дел од учесниците на протестот рекоа дека бараат итна помош од државата поради поскапувањето на енергенсите и другите трошоци за живот, кои би биле социјално избалансирани.

Според Гринпис, еден од организаторите, на протестите учествувале околу 24.000 луѓе.

Според податоците на полицијата, на протестот во Берлин се собрале околу 1.800 луѓе.

Во петокот германскиот парламент го одобри пакетот помош од 200 милијарди евра за граѓаните, чија цел е да ги заштити компаниите и граѓаните од големото зголемување на цените на енергијата во текот на претстојната зима.

By Author