Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.
На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РСМ. При претресот пронајден е амфетамин, дигитална вага со остатоци од амфетамин, други предмети со остатоци од амфетамин, како и две пакувања со по 10 семки од растението канабис. А.В. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кочани, а потоа со соодветна кривична пријава предаден на надлежното обвинителство.
На 09.01.2022 во СВР Охрид, приведени се Х.Ќ.(26), Љ.А.(23), М.П.(23) и С.У.(23), сите од тетовското село Пирок. При контрола на возило „ауди“ во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пронајдена е кеса со кокаин и марихуана. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава-соопштуваат од МВР.