Апликацијата на УНИЦЕФ „Bebbo“ наменета за поддршка на родителите на деца до шест годишна возраст, но и за време на самата бременост денеска беше официјално промовирана.

Мобилната апликација Bebbo нуди сеопфатни и проверени информации и интерактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата. Овозможува на родителите на деца до шест години веродостојни информации за низа теми како што се здравје, исхрана, доење, безбедност, рано учење и позитивно родителство.

Денес беше промовирана апликацијата која ќе биде достапна на македонски и албански јазик. Таа обезбедува стручни совети, видеа, насоки, препораки базирани на наука, со цел обезбедување добар почеток на детето, кој ќе трае цел живот.

Оваа апликација дава поддршка на родителите на децата до 6-годишна возраст, но и за време на самата бременост.

-Здравјето на детето почнува уште во периодот на бременоста и многу е значајно да се овозможи поддршка за мајките во овој многу битен период. Денес живееме во свет каде иновациите и технологијата се движат со брзина на светлината. Здравството веќе се насочува кон користење на сите овие технологии кои го олеснуваат животот на секој поединец, а секако во интерес на општото здравје на граѓаните во една држава.

By Author