Турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин се договорија за време на телефонскиот разговор за состанок меѓу руската и украинската делегација во Истанбул оваа недела-соопштија вчера од кабинетот на Ердоган.

Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина ќе доведат до мир во Украина, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

– На иницијатива на претседателот на Турција (Реџеп Таип) Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и ќе овозможат мир – изјави Чавушоглу на Твитер, пренесува ТАС С.

Делегациите на Русија и Украина најавија дека мировните преговори ќе продолжат на почетокот на неделата, а украинскиот преговарач рече дека тие ќе се одржат во Турција.

Украинскиот пратеник и член на преговарачкиот тим Давид Арахамија на Фејсбук изјави дека следната рунда разговори лице в лице меѓу Украина и Русија ќе се одржи во Турција од понеделник до среда, пренесе Укринформ.

Главниот руски преговарач Владимир Медински потврди дека страните се договориле да се сретнат, но рече дека тоа ќе биде во вторник и среда.

By Author