Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман, овој владетел направи нешто неочекувано – се сретна со најомразениот владетел во светот, рускиот претседател Владимир Путин. Иако на прв поглед ова може да изгледа како безопасна работа, во суштината лежи проблем кој се заканува да ја парализира Европската унија.
Овој вид на средба всушност не е неочекуван, бидејќи овие двајца де факто владетели имаат многу заедничко.
Како прво, и двајцата започнаа војни во соседните земји, имаат значителна моќ над енергетските пазари, познати се по тоа што не поднесуваат противење и копнеат да останат запаметени во историјата.
Но, не се само сличностите што ги поврзуваат Путин и Салман – и двајцата споделуваат заеднички интереси. Имено, нивните земји веројатно ќе се обидат да ја зголемат цената на нафтата со намалување на глобалната понуда за еден до два милиони барели дневно, пишува Гардијан.
Ваквиот потег многу би го погодил целиот свет, особено сега кога се наближува студената зима, за која често сме предупредувани.
Во уште еден знак за продлабочување на врските меѓу Путин и Салман, саудиските дипломати обезбедија ослободување на меѓународни затвореници, вклучително и пет Британци, заробени за време на борбите во Украина.
Ова всушност, според аналитичарите, беше отстапка на Путин кон принцот што му овозможи за момент да блесне на светската сцена.
„Ова е подарок на Путин за саудискиот премиер. „Рускиот „цар“ сакаше тоа да се случи и сакаше да изгледа како Саудијците да се одговорни за тоа“, изјави анонимен аналитичар за „Гардијан“.
И двајцата беа дополнително обединети во последните месеци со нивниот отпор кон американскиот претседател Џозеф Бајден, чија администрација доведе до вооружување на украинската армија и ја принуди руската армија на серија понижувачки повлекувања.