Владата работодавачите и синдикатот вечерва постигнаа договор за зголемување на минималната плата.
Премиерот Димитар Ковачевски објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари.
Како што објави Ковачевски на својот фејсбук профил, 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.
Синдикатот успеа да се избори за минималната плата која изнесува 62 % од просечната плата, исто така ќе има и доследна примени на членот 8 за минималните плати во кој се вели дека сите останати плати ќе се зголемат согласно со коефициентите и колективните договори.
Владата ке ги субвенционира придонесите на 13 илјади граѓани кои зимаат повисока плата од минималната