Неговото присуство покрај официјалната шпанска делегација наиде на критики, со оглед на тоа што сега живее во егзил во Абу Даби

Присуството на поранешниот шпански крал Хуан Карлос на државниот погреб на британската кралица Елизабета Втора предизвика критики во Шпанија.

Официјалната шпанска делегација е предводена од кралот Фелипе и неговата сопруга кралицата Летиција, објави Ројтерс.

Хуан Карлос, кој бил во роднинска врска со покојната кралица Елизабета, добил приватна покана да присуствува на погребот, потврди извор од британската влада.

Неговото присуство покрај официјалната шпанска делегација наиде на критики, со оглед на тоа што тој сега живее во егзил во Абу Даби.

Вчера Хуан Карлос (84) и неговата сопруга Софија беа фотографирани на прием во Бакингемската палата во Лондон.

Шпанското кралско домаќинство соопшти дека Софија, која сè уште живее во Шпанија, ќе отпатува во Лондон со кралот и кралицата, но наместо да им се придружи во шпанската амбасада, ќе остане во истиот хотел со нејзиниот сопруг Хуан Карлос „за логистички и организациски причини.“ причини“.

Некогаш почитуван за неговата улога во транзицијата на Шпанија кон демократија, популарноста на Хуан Карлос опадна по финансиските скандали и јавните критики за неговото патување во Африка за лов на слонови.

Левичарската партија во коалициската влада на Шпанија, Унидас Подемос, го критикуваше присуството на поранешниот крал на погребот на кралицата Елизабета Втора, нарекувајќи го „злосторник во бегство“.

By Author