Десет дена тага, болка ,исчекување. Денес со два борбено транспортни авиони на Бугарија ѓи донесоа телата на 45 наши сограѓани, роднини, пријатели,соученици, луѓе кои загинаа во автобуската несреќа.
Со едноминутно молчење започна превземањето на посмртните останки на загинатите. 45 ковчези беа пренесувани со воени почести од авионите до погребалните коли.Членовите на семејствата на загинатите уште рано утринава пристигнаа на аеродромот и се надеваат дека истрагата ќе им даде одговори за причината за несреќата.
На пренесувањето на телата на жртвите на скопскиот аеродром присуствуваше и висока државна делегација во кој беше председателот на државата Пендаровски и премиерот Заев. Имаше и странски делегации.
Вчера првично беше најавено дека ќе има поворка низ улиците на главниот град и церемонија на плоштадот Скендербег,како би можеле граѓаните да одадат последна почит со полжување на цвеќе. Беше предвидено да биде поставен и видео ѕид за да можат граѓаните да го следат движењето на поворката.
Членовите на семејствата побараа поворката да биде откажана за посмртните останќи да бидат пренесени кон домовите и вечните почивалишта.
Истовремено со превземањето на телата на загинатите на аеродромот, граѓаните им одааваа последна почит на плоштадот. Нека почиваат во мир.