Принцот Хари и Меган Маркл потпишаа повеќегодишен продукциски договор со стриминг гигантот „Нетфликс“.

“Invictus games”

Првиот проект на моќниот пар со Нетфликс ќе се фокусира на една од најголемите страсти на војводата од Сасекс таа ќе ги однесе нивните обожаватели зад сцената на “Invictus games” натпревар за повредени ветерани кои треба да се одржи во Хаг 2022 година.Принцот Хари ќе се појави пред камерата но и како продуцент преку неговата “Archwell” продукција.Серијата ќе ги следи спортистите кои се спремаат за натпреварот кои беше одложен поради кризата со Ковид-19 до следната пролет.Ќе прикажат приказни за отпор моќ и надеж како составен дел од животот на овие спортисти кои се издигнале над сите препреки.

Серијата “Heart of invictus” е во соработка со “Invictus games foundation” и дополнително ќе придонесе и во собирање средства за фондацијата ”Invictus games”чиј покровител е токму Принцот Хари.

By Author