Од пред неколку дена Њукасал доби нов сопственик принцот од Саудиска Арабија кој го купи клубот преку инвестициски фонд на саудиска арабија со кој раководи самиот тој, со што Њукасал стана најбогатиот клуб во Европа.
Дали Страчките можеби ќе добијат и нов надимак (Крвавите) по нивниот сопственик Мохамед бин Салман кој надимакот го добил од повеќе причини меѓу кои војната во Јемен, затворот за своите прoтивници, но и исламските имами и блогери. Во 2017година откако станал принц уапсил 200 принцеви, поранешни министри и бизнисмени.
„Знаеше брутално да ги исчисти министрите во владата, медиумските магнати, бизнисмени, борци за човекови права па дури и членови на кралското семејство. Некои го нарекуваат Ким Џон Ун од Персискиот залив поради спроведувањето на сличен модел на авторитарно владеење. Сето тоа го прави за многу повеќе пари и без нуклеарни амбиции. Тој сега во светот е познат како де факто владетел на една од последните апсолутни монархии“, пишуваше за него УС Тудеј
Најголемата дамка на принцот е убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истамбул Турција. Пред некое време Мохамед бим Салман изјави дека како лидер ја презема целата одговорност за убиството над новинарот. Дури и ЦИА е убедена дека убиството е по негова нарачка.