Многумина посакуваат да бидат принцови и принцези како во бајките, но колкумина од денешнава младина би се нафатиле да служат три години војска со само седумнаесет години….малку да не речеме никиој.

Шпанската принцеза Леонор ја започна нејзината тригодишна воена обука.

Шпанските медиуми пишуваат дека кралскиот пар е сигурен дека нивната ќерка ќе биде многу свесна за барањата и жртвите што ги носи воениот живот, како и за честа да служи војска.

Шпанската принцеза Леонор (17), ќерка на кралицата Летиција и кралот Филип VI, започнала тригодишна воена обука на Воената академија во Сарагоса, со цел да се подготви за преземање на улогата на врховен командант на вооружените сили, пренесува index.hr. .

Објавени се првите фотографии на кои е облечена во униформа, нејзината коса во пунџа и изгледа многу фокусирано.

Шпанските медиуми пишуваат дека кралскиот пар е сигурен дека нивната ќерка ќе биде многу свесна за барањата и жртвите што ги носи воениот живот, како и за честа да служи војска.

Леонор пристигна на академијата во придружба на нејзините родители и помладата сестра Софија.

By Author