Војната во Украина денеска влезе во својот 486-ти ден.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, наскоро ќе и се обрати на нацијата преку телевизија, објави агенцијата ТАСС изјава на портпаролот на Кремљ.
Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, вчера го обвини руското воено раководство дека го нападнало воениот камп на Вагнер и убило голем број негови војници. Поради ова, руските власти поведоа кривична постапка против него, за поттикнување вооружен бунт.
Во Москва се засилени безбедносните мерки
Во Москва се зголемени мерките за безбедност, а членовите на Вагнер влегоа во Ростов, каде што го опколија штабот на Јужниот воен округ.
Војниците на групата „Вагнер“ под контрола на Евгениј Пригожин тргнаа кон Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската војска ги „уништува“ неговите борци. Тој вети дека ќе го запре „злото“ на военото раководство и најави „марш на правдата“ на неговите војници. Москва реагираше со покренување истрага против шефот на „Вагнеровац“, кој беше обвинет за предизвикување граѓанска војна.
Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека неговите борци сега го контролираат Ростов на Дон. Агенцијата Ројтерс објави фотографии на кои се гледаат „Вагнери“ на улиците на Ростов, а објавено е и видео од Пригожин, наводно во штабот на армијата во овој град.
Во едно видео, Пригожин тврди дека неговите војници ќе го блокираат градот и ќе се движат кон Москва доколку министерот за одбрана Сергеј Шојгу и генералот Валериј Герасимов не се согласат да се сретнат со него.
Министерството за одбрана на Русија испрати апел до борците од формацијата „Вагнер“ во кој се апелира да се предадат.
„Вие бевте измамени во криминалната авантура на Пригожин и вооружениот бунт. Многу ваши другари од неколку одреди веќе ја сфатија својата грешка и побараа помош за безбедно враќање во местата на постојано распоредување. Ваквата помош од наша страна е веќе обезбедена до сите борци и команданти кои се пријавиле. Ве молиме да стапите во контакт со претставници на руското Министерство за одбрана или полицијата што е можно поскоро. Гарантираме безбедност за сите“.