Во текот на цчерашниот ден околу 21.00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје. Тој бил баран за кривични дела „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик за затајување на данок од 1.210.797 денари, информираат од министерството за внатрешни работи.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.