Денеска (27.09.2023) во 11.30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“ со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава-соопштуваат од МВР.