Денеска (13.07.2023) во 14.35 часот на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи Гази Баба го лишиле од слобода Р.Е.(25) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Струмица, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната-соопштуваат од МВР. 

By Author