На 06.02.2023, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода К.А.(46) од Кочани.
Тој бил затекнат при извршување на „тешка кражба“ во продажен објект кај Градскиот пазар на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author