На 29.06.2022 година, полициски службеници од полициската станица Центар го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје во подружницата Центар. По него е распишана локална потерница, поради постоење на основано сомнение дека извршил две тешки кражби на уметнички слики од книжарници на ул.„Јуро Стругар“ во Скопје, извршени на 26 и 27.06.2022 година.
Дел од украденото уметничко дело е пронајдено и вратено на сопственикот. Е.Д. е приведен во Полициска станица Центар и во координација со Јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, а од страна на судијата му е одредена мерка приведување. во претходната постапка-соопштуваат од МВР.