На 26.11.2023 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Д.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека на 24.11.2023 од трговски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Д.Д. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author