Денеска (27.07.2022) во 02.30 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово лишен е од слобода Х.Е.(37) од с.М.Речица. Имено, на крстосницата помеѓу ул.„108“ и ул.„168“ во Тетово, при преглед кај него, пронајдени му се марихуана и 25 пакувања со кокаин.

Х.Е. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен поднесок по чл.215 од Кривичниот законик-соопштуваат од МВР. 

By Author