Денеска околу 12.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело „невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.


Како што информираат од МВР по приведувањето, реализирано со судска наредба, А.А. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

By Admin