На 15.06.2023 во 20.30 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје. Тој бил осуден на 13 години и пет месеци казна затвор за сторени кривични дела по член 237, член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната-соопштуваат од МВР.