На 11.01.2022 во 08.10 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ го лишиле од слобода С.Т.(50) од Тетово. За него била распишана централна потерница по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје за истражна постапка во врска со кривично дело по чл.247 од Кривичниот законик. С.Т. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка-соопштија од МВР.