Денеска (04.10.2023) околу 13.30 часот на Љуботенски пат од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода А.М.(40) од с.Љуботен.
Тој се барал со судска наредба за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето е предадено во Полициска станица Чаир за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа-соопштуваат од МВР.