Денеска (21.03.2022) во 09.35 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.К.(44) од с.Цветово, скопско. Тој се барал со централна потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната-соопштуваат од МВР.