На 13.05.2023 во 18.35 часот во с.Добридол, гостиварско, од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода З.Ш.(50) од с.Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“, казниво по чл.226 од Кривичниот законик.
Имено, на место викано „Старо школо“ во с.Добридол пронајдени и одземени се околу 30м3 огревни дрва, без соодветна дозвола (без шумски жиг), а кои претходно пријавениот бесправно ги исекол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.