На 13.03.2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци при контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје кој бил сопарник во возилото.
При службена контрола и проверка било констатирано дека Р.А се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.
Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.