На 26.04.2022 во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија. Тие, на 26.04.2022 околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.