На 16.04.2023 во 22.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар на ул.”Илинденска” во Гостивар од слобода се лишени Д.Н.(29) од Гостивар, А.Ш.(31) од с.Лакавица и А.Б. (32) од с.Здуње.

Кај Д.Н. и кај А.Ш. биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, а кај А.Б. е пронајдена и одземена поголема сума на пари во различни валути.

Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР. 

By Author