На 04.09.2022 околу 03.30 часот на автопатот А1 кај клучка Неготино, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Полициска станица Михајлово по преземени мерки и активности ги лишиле од слобода З.Б.(23) и Б.Б.(36), двајцата од с.Драчевица, скопско, кои управувале патнички моторни возила „мерцедес “ и „голф“, двете со скопски регистарски ознаки, кои превезувале 14 лица илегални мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен Обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.

By Author