На 05.10.2022 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Р.П.(31) и Д.С.(34) од Пробиштип. Тие биле затекнати при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во објект во изградба на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип.

При извршениот преглед кај Р.П. биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тие биле приведени во полициска станица и целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава-соопштуваат од МВР.

By Author