На 11.01.2023 во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (45) од Штип и С.С. (45) од Куманово.
Тие биле затекнати при обид да одземат материјали од објект во изградба на улицата „Доктор Рибар“ Куманово.
Двете лица биле приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни пријави-соопштуваат од МВР.