На 20.02.2023 во 20.30 часот полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ц.(22) и В.А.(22) од Скопје.
Тие од правно лице – фабрика во Велес украле предмети, кои се пронајдени и вратени на сопственикот. При личен преглед кај В.А е пронајден и нож.
Лицата се приведени во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава-соопштуваат од МВР.