На 11.10.2023 околу 13.00 часот во близина на с.Теарце, тетовско, на земјен пат кој води кон с.Брезно, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Џ.(56) и И.А.(46), двајцата од с.Теарце. При преглед во трактор управуван од Б.Џ., биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт, при што тој приложил дозвола за сеча со изминат рок. При преглед на трактор кој го управувал И.А., биле пронајдени дрва без печат и испратница за транспорт и за кои ги приложил истите документи што биле кај Б.Џ.. Лицата биле задржани во полициска станица, а дрвата и тракторите биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.