На 30.08.2022 во 04.25 часот на ул.„1511“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Д.К.(32) од с.Шупљи камен, кумановско и малолетничка од Скопје. Тие биле затекнати при обид да одземат патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки. Во близина на возилото бил пронајден предмет кој потекнува од друго кривично дело, а при преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Лицата биле приведени во полициска станица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author