На 04.07.2023 од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи Гази Баба во 20.00 часот на ул.„Бутелска“ бил лишен од слобода А.А.(41) од Скопје, а во 21.35 часот на ул.„Индира Ганди“ бил лишен од слобода С.А.(44) од Скопје. За нив биле распишани централни потерници по наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, според кои А.А. се барал за издржување на казна затвор од една година и 8 месеци за сторени кривични дела по чл.236 и чл.206 од Кривичниот законик, а С.А. за казна затвор од 2 години за сторено кривично дело по чл.235 од Кривичниот законик. Двете лица биле предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казните-соопштуваат од МВР.