На 14.01.2022 во селото Праленик, општина Центар Жупа, од страна на полициски службеници од ОВР Дебар е приведен Е.Ј.(35) од селото Праленик. За него била издадена наредба од Основниот суд во Дебар, со која се барал за издржување казна затвор.
Е.Ј. е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната.
Во меѓувреме во Гостивар на 14.01.2022 во 14.00 часот од полициски службеници од ОВР Гостивар бил приведен Д.Б.(23) од Гостивар. За него била издадена наредба од Основен суд Гостивар со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од една година.
Д.Б. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.